Утрински Весник
Спорт

Рајола за Погба: Се надевам дека наскоро ќе има решение кое ќе ги задоволи сите страни

Погба е дел од плановите на Солскјер, и покрај највата дека си заминува

Перт, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Мино Рајола директно го обвини Манчестер Јунајтед дека клубот не го брани Пол Погба од критиките со кои е бомбардиран Французинот поради неговата желба да го напушти клубот.

Според агентот, францускиот фудбалер секогаш се однесувал професионално и со должно почитување кон клубот. Поради оваа причина од „Олд Трафорд“ треба да се усогласат со чувствата на играчот и да се најде решение кое ќе биде задоволително за сите страни.

– Играчот не направил ништо лошо. Тој секогаш се однесувал со почит и професионализам во секој поглед. Клубот многу добро знае како се чувствува тој долго време. Жално е што има луѓе кои само сакаат да критикуваат, без да ги имаат потребните информации. Жалам што клубот не зазема позиција и не прави ништо против тоа. Се надевам дека наскоро ќе има решение кое ќе ги задоволи сите страни, изјави Раиола.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пикси: Не знам што очекуваа луѓето!

Суарез со провокација за Гана пред бурниот реванш: Јас не го утнав пеналот

Роналдо ќе одмори на дуелот на Португалците против Јужна Кореја?