Утрински Весник
Спорт

Расел ​​ќе го засили Голден стејт

Расел ​​ќе го засили Голден стејт

Вашингтон, 1 јули 2019 (/) – Кошаркарот Д’Анџело Расел ќе игра за Голден Стејт, објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, кој е добар познавач на случувањата во НБА лигата.

Како што се соопштува трансферот ќе се реализира благодарение на договорот со неговиот поранешен клуб Бруклин. Договорот ќе биде со важност за четири години, а платата ќе е проектирана на 117 милиони долари.

Дваесет и тригодишниот Расел минатата сезона настапи на 81 натпревар во регуларната сезона на НБА. Во просек, тој постигна 21,1 поен по натпревар, направи 3,9 скока и седум асистенции.

Во петте натпревари од плејофот, неговиот просек по натпревар е 19,4 поени, 3,6 скока и 3,6 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната