Утрински Весник
Спорт

Ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ со завршен „фајнал-фор“ турнир во Делчево

Ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ со завршен „фајнал-фор“ турнир во Делчево

Делчево, 9 јуни 2019 (/) -Завршниот фајнал-фор турнир, на кој учествуваат 120 млади ракометари кои се дел од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ се одигра денеска во Делчево. На завршниот турнир, како што информираше тренерот на екипата од Делчево Влатко Димитровски, освен од Делчево учествуваа повеќе младински категории на ракометари од источниот регион.

– Денес е празник на ракометот во Делчево, најмладите категории на ракометари од источниот регион кои тренираат како дел од ракометната академија на еден од најдобрите македонски ракометари Кирил Лазаров, денес дојдоа во Делчево и означија крај на сезоната со завршниот фајнал-фор турнир. Учествуваа отприлика околу 120 дечиња, од Делчево, Свети Николе и Чешиново-Облешево кои дадоа се од себе, да се претстават во најдобро светло, информира Димтировски.

Имајќи предвид дека ова е прва сезона како се организираат натпревари во рамки на академијата „Кирил Лазаров 7“, Димитровски, подобар ракомет најави веќе од следната сезона.

„Брегалница плус“ е единствената екипа од источниот регион, која како дел од Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во изминатата сезона се натпреваруваше во кадетската лига, која се организира под капата на Ракометната федерација на Македонија. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Супер-компјутерот на СБК: Бразил ќе биде светски првак

Смит Роу опериран, се враќа во декември

Алегри и Мурињо се најмногу платени во Серија А