Утрински Весник
Спорт

Ракометарите се подготвуваат за Турција и Грција

Ракометарите се подготвуваат за Турција и Грција

Скопје, 8 јуни 2019 (/) – Македонската ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за последните два квалификациски натпревари на Европското првенство.

На списокот на тренерот Данило Брестовац се наоѓаат 22 ракометари, кои ќе бидат во трка за 16 места, кои ќе ја сочинуваат репрезентацијата на натпреварите со Турција и Грција.

На првиот собир на ракометарите, отсуствуваше Кире Лазаров, кој синоќа доцна го одигра последниот натпревар на француското првенство со тимот на Нант, а Филип Талески се очекува утре да се приклучи на групата, бидејќи вечерва ќе го одигра последниот натпревар во германската Бундеслига.

Следното европско првенство се одржува следната година, а домаќини ќе бидат три европски држави Шведска, Норвешка и Австрија. ем/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни