Утрински Весник
Македонија

Работна средба меѓу Фондот на ПИО и Департаментот за пензии-Министерство за труд и социјална заштита на Косово

Работна средба меѓу Фондот на ПИО и Департаментот за пензии-Министерство за труд и социјална заштита на Косово

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии – Министерство за труд и социјална заштита на Република Косово ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

На состанокот ќе се разговара за спроведувањето на билатералните договори за социјално осигурување, остварување на пензиските и инвалидските права, надлежностите на меѓувладините институции.

Исто така, ќе се разменуваат и искуства во врска со начинот на исплата на пензиите/бенефициите врз основа на Договорот за социјално осигурување во странство, размена на податоци и дискусија за други важни прашања кои се вклучени со билатералните договори.бт/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните