Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Работилница „Социјална инклузија и еднакви можности во спортот“ ќе се одржи денеска во рамки на проектот „Промовирање на активна вклученост на маргинализирани лица исклучени од вообичаеното учество во основни спортски активности”.
Целта на работилницата е да промовира активна вклученост во рекреативни спортски активности на маргинализирани лица.
Сите засегнати страни ќе дискутираат за еднаквите можности во спортот и идни чекори што би можеле да се преземат за подобрување на состојбата во овој сегмент. Во рамки на работилницата ќе се постави акцент на лицата со оштетен вид и можноста за еднаков пристап во центрите за рекреативен спорт. сст/лв/