Утрински Весник
Спорт

Рабио се разбра со Јувентус

Рабио се разбра со Јувентус

Торино, 29 јуни 2019 (/) – Францускиот полудефанзивец Адриен Рабио може да се смета за сигурно ново засилување на италијанскиот хегемон Јувентус. Ова го тврди новинарот од „Скај Спортс“, Фабрицио Романо.

Според неговите информации, 24-годишниот фудбалер ќе потпише договор за четири сезони со „Старата Дама“, откако се чека истекот на актуелниот негов договор со Пари Сен Жермен на 30 јуни.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи имал веќе средба со Рабио и мајка му и неговиот агент Вероник во Париз во петокот, на кој се договориле деталите околу неговото преминување во Торино како слободен агент.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Куп: Струга ТЛ домаќин на Работнички, Шкендија го пречекува Скопје

Поранешниот европски и светски првак умира од рак: Најтешко беше да им објаснам на децата

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ