Утрински Весник
Магазин

Путин му подари сладолед на Си Џинпинг за роденден

Путин му подари сладолед на Си Џинпинг за роденден

Душанбе, 15 јуни 2019 (/) – Рускиот претседател Владимир Путин му посака на својот кинески колега Си Џинпинг среќен роденден и притоа му подари сладолед, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Претседателот Путин ја пофали укогата на Си Џинпинг во билатералните односи и укажа на неговата неодамнешна посета на Русија, истакна Песков.

Си му заблагодари на Путин, со кој се наоѓа на економскиот форум во таџикистанскиот главен град Душанбе, порачувајќи му дека е многу популарен во Кина.

Пред неколку години кинески бизнисмени кои учествувале на истиот форум му кажале на Путин дека Кинезите многу го сакаат рускиот сладолед.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го прославува својот 66-ти роденден. гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак

Ед Ширан ќе објавува албум за секое годишно време

(Видео) Мик Џегер: Каталогот на бендот нема да им го оставам на децата, што ќе им се 500 милиони долари