Утрински Весник
Македонија

Пукна стара водоводна цевка во центарот на Куманово, екипите на „Водовод“ на терен

Пробниот попис во Куманово се одвива тековно

Куманово, 29 јуни 2019 (/) – Поради пукната цевка од водоводната мрежа, дел од центарот на Куманово е без вода. Цевката пукна во близина на градскиот плоштад, а поради силината на притисокот вода течеше по улицата „Ленинова“ до кружниот тек кај „Доне Божинов“.
Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека нивни екипи ќе го санираат дефектот и дека наскоро ќе се нормализира водоснабдувањето.
– Пукнатата цевка е поцинкувана и е стара од 1963 година. По санирањето на дефектот, граѓаните и правните субјекти ќе имаат редовно водоснавдување, изјави директорот на „Водовод“, Горан Стојковски. ам/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“