Утрински Весник
Спорт

ПСЖ купи играч на позицијата на Нејмар

ПСЖ купи играч на позицијата на Нејмар

Париз, 2јули 2019 (Утрински Весник) – Тимот на Пари Сен Жермен го привлече напаѓачот на Севиља, Пабло Сарабија за 20 милиони евра. 27-годишниот Сарабија потпиша петгодишен договор со француските шампиони.

Сарабија одигра одлична сезона за Андалузијците, постигнувајќи 23 гола и реализирајќи 17 асистенции на сите турнири. Според медиумите во Франција, овој трансфер може да значи дека ПСЖ ќе се раздели со својата голема ѕвезда, Нејмар. Во последниве неколку недели се повеќе се зборува за враќањето на бразилскиот напаѓач во Барселона по две не многу успешни сезони на „Парк де Пренс“.

Севиља исто така оствари нов трансфер откако го купи напаѓачот на ПСВ Ајндховен – Лук де Јонг. Шпанскиот клуб ќе плати 15 милиони евра за 28-годишниот холандски фудбалер, кој потпишува четиригодишен договор со тимот од Ла Лига.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Смит Роу опериран, се враќа во декември

Алегри и Мурињо се најмногу платени во Серија А

Струмица Никоб убедливо го победи холандскиот шампион Динамо Апелдорн во Цев Лигата на шампиони, но немаше среќа во “златниот сет”