Утрински Весник
Спорт

ПСЖ го сака Диало од Дортмунд

ПСЖ го сака Диало од Дортмунд

Париз, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Челниците на францускиот шампион планираат да го донесат во Париз средниот играч на Борусија Дортмунд, Абдоу Диало.

Преговорите со Диало се при крај, а како што пишуваат француските медиуми, за да ја оствари својата цел ПСЖ ќе треба да и плати на Борусија 32 милиони евра.

Истите извори наведуваат дека 23-годишниот фудбалер на германскиот клуб ќе потпише петгодишен договор со парижаните и дека договорот набргу ќе биде објавен.

Инаку, Французинот настапува на средината на теренот, а во Дортмунд дојде од Маинц за околу 28 милиони евра. ем/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пикси: Не знам што очекуваа луѓето!

Суарез со провокација за Гана пред бурниот реванш: Јас не го утнав пеналот

Барса, Реал, Јуве и Милан во трка за Мохамед Кудус