Утрински Весник
Македонија

Прскање против комарци утре во Струга

Прскање против комарци утре во Струга

Струга, 25 јуни 2019 (/) – На подрачјето на Општина Струга утре ќе се врши теристичка дезинсекција за уништување на комарците и дератизација на шахтите.

Земјеното запрашување, како што соопшти Општина Струга, ќе се врши во периодот од 21 до 6 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, соопштуваат од Општина Струга.

Во случај на појава на неповолни временски услови, како што е наведено, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден. сс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран