Утрински Весник
Македонија

Прскање против комарци следната недела во Ресен

Прскање против комарци следната недела во Ресен

Ресен, 21 јуни 2019 (/) – Центарот за јавно здравје – Битола на 24 и 25, овој месец на територијата на општина Ресен ќе спроведе прскање од земја против комарци.

Првата фаза од терестичката дезинсекција, како што соопшти Центарот за јавно здравје – Битола, ќе се врши во периодот од 19 до 2 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети: Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата: Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец, течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во село Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Ресен, локалитети со застојани водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, информира Центарот за јавно здравје – Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот Aqua k-othrine со активна супстанца Deltametrin.

– Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден. сс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром