Гевгелија, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Пожарникарите од Гевгелија викендов двапати интервенирале при локализирање и гаснење на пожари, кои се случиле во населените места Мрзенци и Миравци, соопштија денеска од ТППЕ Гевгелија.
По пријавен пожар во викендичка во Мрзенци во сопственост на К.Љ. од Гевгелија вчера рано утрото пожарникарите веднаш интервенирале на опожарениот објект, кој делумно бил зафатен од огнот и благодарение на брзата интервенција, пожарот бил изгаснат со што била спречена поголема материјална штета.
Пожар бил пријавен и во пиланата во Миравци, кој исто така бил изгаснат од страна на пожарникарите, но за жал предизвикал голема материјална штета. Во пожарот целосно изгорела опремата, машините за производство и кровната конструкција.
Увид на лице место изврши екипа на СВР Струмица која треба да ги утврди причините за пожарите. им/ир