Утрински Весник
Македонија

Промоција на монографија за тетовското планинско село Лисец

Промоција на монографија за тетовското планинско село Лисец

Тетово, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – „Монографија Лисец, минато, сегашност и иднина“ од авторот Мурсел Мурсели беше промовирана денеска во општина Тетово. Авторот ја пишувал монографијата четири години, а покрај пишани извори, голем дел од податоците се собрани од интервјуа со жителите на селото.

-Опфаќам долг период од триста години, од минатото на Лисец. Книгата е поделена на повеќе поглавја каде се опфатени информации, податоци, фотографии околу традицијата, културата, дејностите со кои се занимавале луѓето низ вековите,… Наброени се голем број личности кои потекнуваат од Лисец и имаат остварено големи животни успеси на личен план или за селото. Исто така забележани се личности кои се надвор од селото во западноевропските земји и во Америка. За иднината давам одредени препораки што треба сторат жителите на Лисец за да останат таму, да не се празни селото, изјави авторот Мурсели.

Рецензенти на книгата се Нијази Мухамеди и проф. Д-р Зекир Кадриу. Уредник на изданието е Ќенан Рамадани.

Мурсел Мурсели е роден 1958 година во Лисец. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Приштина, работел како новинар, наставник и службеник во општина Тетово. Ова е негова прва книга. ас/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар