Утрински Весник
Спорт

Промоцијата на Јовиќ во Реал закажана за утре

Промоцијата на Јовиќ во Реал закажана за утре

Мадрид, 11 јуни 2019 (/) – Познат е датумот на презентацијата на новодојдениот фудбалер во Реал Мадрид, напаѓачот Лука Јовиќ.

Според прес-службата на „кралскиот клуб“ настанот ќе се одржи утре (12 јуни), во 13 часот по локално време во почесната ложа на „Сантијаго Бернабеу“.

Потоа, 21-годишниот Србин ќе излезе на теренот за фото-сесија.

Лука Јовиќ стана играч на Реал на 4 јуни. Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб му платил на Ајнтрахт за обешететување 60 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Стаховски во остра „преписка“ со Троицки и Типсаревиќ за нивната посета на Русија

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП