Утрински Весник
Македонија

Промовиран проектот „Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност Кри -Тинк“ на ЕУ

Промовиран проектот „Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност Кри -Тинк“ на ЕУ

Кичево, 11 јуни 2019 (/) – Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии денеска во Кичево одржа информативна сесија во врска со програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Конкурсот за мали грантови е вториот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е објавен на 31 мај, а ќе биде отворен до 15 јули 2019 година. Во рамките на вториот циклус е предвидено да се доделат десет грантови со кои ќе се поддржат проекти од осумте плански региони во државата. Ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу шест и седум илјади евра.

Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

– Специфичните цели на проектот се: поттикнување култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности, зголемување на капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вклучувајќи и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции и зголемување на побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување, објасни координаторот на проектот Горан Лазаров. рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“