Утрински Весник
Македонија

Производствениот сектор добива поддршка за развој и поврзување на странски фирми од ИФЦ

Производствениот сектор добива поддршка за развој и поврзување на странски фирми од ИФЦ

Скопје, 21 јуни 2019 (/) – Зголемување на извозот на домашните преработувачки капацитети, поттикнување на нивниот развој  и поврзување на фирми од пазарот на еврозоната, ќе се постигне со денеска потпишаниот меморандум за соработка со ИФЦ, членка на Групацијата на Светска банка.

Проектот е дел од четиригодишната Стратегија за партнерство на земјава со Светска банка, која е вкупен износ од 420 милиони евра, а која денеска беше исто така презентирана во Скопје од страна на потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер.

-Ова партнерство ќе помогне Северна Македонија да стане поатрактивна дестинација за странските производители и ќе го охрабри развојот на локалните производители, министерот за финансии Драган Тевдовски,

Тој додаде дека со развивање на синџирите за набавка и преку подобрување на знаењата (know – how) на компаниите, ефектите врз целата економија ќе бидат поголеми.

Средствата од стратегијата, како што истакна министерот, се по исклучително поволни услови и се она што е договорено е вградено во фискалната стратегија. Предвидени се  средстата и за олеснување на транспортот, за локални патишта, за изградба и реконструкција на градинки…

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ИФЦ во наредниот период ќе биде присутна во земјава  и дека преку овој проект ќе помогне претпријатијата да ја подобрат конкуреноста на пазарот во светото на кој ние мора да се бориме.

-Нашата држава е мала и домашната индустрија мора да биде извозно ориентирана, порача Анѓушев.

Ова партнерство претставува прва фаза од планираната програма на ИФЦ за поддршка на производителите во Северна Македонија, Србија и во Косово.

-Преработувачката индустрија е клучен извор на работни места и на странски инвестиции во овој регион, истакна Џорџина Бејкер, потпретседателка на ИФЦ за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, која додаде дека со поддршката на локалните производители можеме да го поттикнеме извозот, да ги подобриме врските со глобалните синџири на вредности, да го забрзаме отворањето работни места и да поттикнеме поодржлив раст.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада на потпишувањето посочи дека приватниот сектор го има клучот за отворањето работни места и за движењето на растот во земјава. -Преку давањето совети на приватните бизниси, особено на производителите, можеме да и помогнеме на земјата да го капитализира овој огромен потенцијал, рече швајцарската амбасадорка.

Партнерството е дел од вкупните напори на ИФЦ за отворање работни места, за зголемување на домашниот извоз и за придвижување на економскиот развој во регионот Западен Балкан, а проектот е поддржан од Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) и предвидува советување на државните агенции од страна на ИФЦ за олеснување на процедурите и намалувањето на преобемната бирократија и за донесување прописи со кои ќе се поддржи преработувачката индустрија.

Се предвидува и советување на локални мали и средни компании од страна на ИФЦ, помагајќи им да го подобрат своето работење, да добијат пристап до финансиски средства и да воспостават врски со фирми во еврозоната. Тоа, според ИФЦ,  е важно за Северна Македонија каде многу локални производители се соочуваат со предизвици со влегувањето на западноевропскиот пазар и нивна интеграција во синџирите на снабдување на мултинационалните компании.

Меморадумот денеска во Скопје го потпишаа минстерот за финансии Драган Тевдовски, потпретседателската на ИФЦ и швајцарската амбасадорка.скс/см/

Презентација на четиригодишна стратегија на партнерство со Светска Банка

Posted by MИА.mk on Петок, 21 јуни 2019

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална