Утрински Весник
Македонија

Проект на општина Новаци за подобрување на локалните услуги

Проект на општина Новаци за подобрување на локалните услуги

Новаци, 12 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Новаци ги почна градежните активности за уредување на коритото на поројот во село Гермијан чија должина е над 220 метри.

Средствата за оваа инвестиција во износ од седум милиони денари се обезбедени од македонската Влада, трансферирани преку Центар за развој на пелагонискиот плански регион.

-Во овој период ја реализираме втората фаза која е континуитет на првата кога беа уредени 806 метри од коритото на поројот, а за што поддршка имавме од ИПА фондовите. Со реализацијата на овој проект во иднина ќе нема поплавување на куќите и дворовите на локалното население кои се наоѓаат во близина на поројот. Со овој проект ќе има зголемување на приносите од земјоделието, намалување на загадувањето на сливното подрачје на река Црна и ќе се подобрат условите за живот на жителите, истакна Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.


Во реализацијата на регионалниот инфраструктурен проект индиректно се вклучени и општините Битола и Могила, информираа од тамошната локална самоуправа.мт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали