Утрински Весник
Македонија

Проект на „Дрисла“ за запознавање на граѓаните со патот на отпадот до депонијата

Проект на „Дрисла“ за запознавање на граѓаните со патот на отпадот до депонијата

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Во организација на Здружението за заштита на животната средина „Нов импулс“ – Скопје денеска 150 деца и возрасни ќе ја посетат депонијата „Дрисла“, каде ќе имаат можност лично да видат што се случува со отпадот што доаѓа на депонијата.

Посетата се реализира во соработка со „Дрисла“ – СКОПЈЕ ДОО и е во рамки на проектот „Дојдете да се запознаеме – поздрав мистер Дриско“.

Целта на проектот, како што информираат организаторите, е да ја издигне свеста кај најмладите, а преку нив и кај возрасните, за разликите меѓу дивите депонии како главен загадувач на животната средина, во споредба со централизирана високопрофесионална депонија.

Од страна на стручни лица ќе биде презентиран патот на отпадот од дома до неговото професионално третирање во главната депонија во Скопје. бк/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8