Утрински Весник
Спорт

Прогласени победниците во екипниот дел на Балканското Првенство во пинг понг

Прогласени победниците во екипниот дел на Балканското Првенство во пинг понг

Скопје, 14 јуни 2019 (/) – Изминатите два дена во СЦ Форца во Скопје во рамките на балканското првенство во пинг понг за играчи до 18 години се одржаа натпреварите во екипна конкуренција на репрезентативно ниво.

Најуспешна е репрезентацијата на Романија со освоени три златни медали и еден сребрен медал, следува Турција со еден златен, два сребрени и еден бронзен медал, Србија освои еден сребрен медал, додека со по еден бронзен медал се закитија репрезентациите на Босна и Херцеговина, Италија и Бугарија.

Пласман во Јуниорска конкуренција момчиња:
1. Романија
2. Србија
3. Турција
Финале Романија – Србија 3:2

Македонија се пласира на осмото место од вкупно девет репрезентаци.

Пласман во Јуниорска конкуренција девојчиња
1. Турција
2. Романија
3. Босна и Херцеговина
Финале Турција – Романија 3:1

Македонија се пласира на шестото место од вкупно осум репрезентации.

Пласман во Кадетска конкуренција момчиња:
1. Романија
2. Турција
3. Италија
Финале Романија – Турција 3:0

Македонија се пласира на шестото место од вкупно девет репрезентации.

Пласман во Кадетска конкуренција девојчиња:
1. Романија
2. Турција
3. Бугарија
Финале Романија – Турција 3:0
Македонија се пласира на шестото место од вкупно единаесет репрезентации.

Од денес до недела ќе се одржат натпреварите во поединечна конкуренција, и натпреварите во конкуренција на парови.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици