Утрински Весник
Македонија

Пробниот попис во Штип тече без проблеми

Пробниот попис во Штип тече без проблеми

Штип, 16 јуни 2019 (/) – Во Штип веќе втор ден се реализира пробниот попис во четири пописни кругови. Тони Јованов од Државниот завод за статистика појаснува дека на терен попишуваат во еден реон на селото Чардаклија, потоа приградската населба Три Чешми и во две населби во Штип. Попишувачите немаат проблеми на терен и како што вели, населението ја прифаќа оваа постапка без проблеми.

– Имаме двајца инструктури и четири пошишувачи, кои пробниот попис го реализираат на лице место. Досега немаме никакви проблеми, населението во селото Чардаклија е запознато со процесот и одбивање на домаќинствата немаме, вели Јованов.

Тој очекува и во останатите пописни кругови да биде во ред, а пробниот попис ќе трае до 30 јуни. Попишувачите, кои го спроведуваат пробниот попис денеска беа во селото Чардаклија, кое се наоѓа на само пет километри од градот Штип. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните