Утрински Весник
Македонија

Пробниот попис во Куманово се одвива тековно

Пробниот попис во Куманово се одвива тековно

Куманово, 26 јуни 2019 (/) – Пробниот попис во Куманово се одвива тековно, информираа денеска надлежните од регионалното одделение за статистика.

Тие очекуваат пробниот попис да заврши навреме.

-Домаќинствата соработуваат, немаме никакви проблеми, изјави координаторот на регионалното одделение за статистика Куманово, Даниела Петровска.

Во пробниот попис во Куманово се попишуваат домаќинствата од центарот градот, делот над општината и дел од  улицата „Народна Револуција“, накај Пчињски пат.

– Податоците нема да се објават, пробниот попис има за цел да ги тестира организациско-техничките аспкети, додава Петровска.
Пробниот попис се спроведува на подрачје на 13 општини меѓу нив и Куманово. ам/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“