Утрински Весник
Спорт

Проблемите со Погба започнаа уште од првиот ден во Австралија

Проблемите со Погба започнаа уште од првиот ден во Австралија

Перт, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Едвај во неделата Пол Погба им се придружи на своите соиграчи во Манчестер Јунајтед, за да отпатува со групата на Оле Гунар Солскјер за претсезонската турнеја на тимот.

Вчера „црвените ѓаволи“ пристигнаа во Перт, Австралија, каде што требаа да ја играат својата прва контрола. Дури и на аеродромот, медиумите обрнаа внимание на изразот на лицето на Французинот, кој даваше автограми на фанови со очигледно незадоволство.

Неколку часа подоцна играчите тргнаа на прошетка, во текот на која се случи нешто интересно. Самиот клуб објави видео на Твитер, во кое накратко се гледа како Погба и Џеси Лингард разменуваат зборови, а говорот на телото не е особено добронамерен. Ова е потврдено со реакцијата на Виктор Линделоф, кој брзо го фаќа и го гушнува Французинот во обид да го смири.

Фановите веднаш се фокусираа кон оваа епизода и лошите коментари против светскиот шампион не задоцнија.

Иднината на Погба се уште се чини нејасна. Самиот играч минатиот месец рече дека е време да се обиде нешто ново, а неговиот агент Мино Рајола во чист текст објави дека играчот од средниот ред сака трансфер.

Реал Мадрид и Јувентус имаат интерес за Погба. Според медиумите, Јунајтед ќе се согласат да го продадат Французинот, ако добијат 150 милиони фунти за него.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица