Утрински Весник
Македонија

При крај изградбата на ловниот дом на Голак

При крај изградбата на ловниот дом на Голак

Делчево, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Привршуваат активностите за изградба на ловниот дом на планината Голак. Како што информираше Драган Христов, претседател на Ловното друштво „Острец“ од Делчево, паузата за време на ловостојот, делчевските ловџии ја користат за изградба на ловечката куќа, која е дел од обврската по ловностопанска основа.
-Ловностопанска основа е документ во кој е наведено конкретно она со што располага секое ловиште како на пример, граници, релјеф, клима, видови на дивеч, колку прихрана се врши во текот на зимскиот период и колку отстрел е дозволен во тековната сезона. Како една од тие обврски е и ловната куќа, чија изградба е при крај. Истата се наоѓа во непосредна близина на местото „Бун чешма“ на планината Голак. Ловната куќа е еден вид ловотехнички објект и ќе послужи за дружење помеѓу ловџиите од нашиот крај, истакна Христов.
Со изградбата на ловната куќа, додава, делчевските ловџии ќе имаат сопствено катче за пречек и на гостите ловџии од повеќе ловни друштва од државава, како и на групи од Србија, со кои друштвото има одлична соработка.
Во периодот кога дивечот е во мирување, ловџиите ја планираат наредната сезона која започнува во октомври. Ловната куќата се гради со средства од Ловното друштво „Острец“, а во нејзината иградба активно учествувале триесетина ловџии од делчевскиот регион. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк