Утрински Весник
Македонија

Прифатени сугестиите за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Прифатени сугестиите за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – На предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедсвтво и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија одржан во Софија на 10 јуни 2019 година.

Министрите беа информирани дека двете страни го разгледале Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и предлозите до владите кои се содржани во него, биле разменети оценки за досегашната работа на комисијата и постигнатиот напредок во делот на античката историја се донесени следните одлуки:

-Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува. Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за петто одделение во Република Бугарија и за шесто одделение во Република Северна Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за шесто одделение во Република Бугарија и за седмо одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година, наведува Владата.

Според Информацијата, заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други) и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.

Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен „придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани”. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија