Утрински Весник
Македонија

Притвор за велешанец осомничен за загрозување на сигурноста на нотар

Притвор за велешанец осомничен за загрозување на сигурноста на нотар

Скопје, 24 jуни 2019 (/) – Велешанец доби осумдневен притвор бидејќи во неколку наврати преку социјална мрежа упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци, а на 21-ви овој месец и лично отишол во канцеларијата на нотарот и му се заканил со нож.
-Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа, на 21.06.2019 година и лично отишол во канцеларијата на нотарот и се заканил со нож, соопшти Јавното обвинителство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од осум дена.дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8