Утрински Весник
Македонија

Прилепски средношколци првпат на практична настава во трафостаницата на МЕПСО

Прилепски средношколци првпат на практична настава во трафостаницата на МЕПСО

Прилеп, 2 јули 2019 (/) – Група прилепски ученици од средното техничко училиште „Ристе Ристески-Ричко“ за првпат се на десетдневна феријална практична настава во трафостаницата на МЕПСО во Прилеп.

Учениците ќе добијат практични знаења од предметот „Разводни постројки“ кои ќе им ги пренесат стручните лица кои работат во трафостаницатa „Прилеп“. Ова е дел од проектот на МЕПСО за општествена одговорност со кој се афирмира електротехничката струка во средните училишта во шест градови во кои МЕПСО има свои трафостаници.

Неодамна, МЕПСО и прилепското средно училиште го потпишаа Меморандумот и е основа за плодната меѓусебна соработка од која, еден аспект е практичната настава за учениците од електротехничката струка. Освен практиката, МЕПСО отвори можност за донации во проекти кои го унапредуваат образовниот процес, а се разгледуваат и опциите за донирање високонапонска опрема во функција на нагледните средства за училиштето.

Како што информираат од МЕПСО, за подобрување на квалитетот на практичната настава за учениците е можноста, во претстојната учебна година, да ги следат активностите на модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“.  Имено, неодамна МЕПСО склучи договор за модернизација на трафостаницата „Прилеп“ која вклучува промена на досегашната опрема, која е во функција 40 години,  со нова високонапонска опрема. Станува збор за вградување нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов систем за мерење електрична енергија и нов систем за релејна заштита. Вредноста на овој проект е 1,1 милиони евра, а изведувачи се „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. Овој проект ќе овозможи Прилеп и неговата околина да добијат стабилно и сигурно снабдување со квалитетна електрична енергија во наредните 20 години. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“