Утрински Весник
Македонија

Признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Владата на седница денеска ја усвои и информацијата за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан.  Прес-службата соопшти дека основа за непречено признавање на квалификациите се системите за квалитет во високото образование преку практикувањето на одредбите од Стандардите и насоките за обезбедување квалитет во Европскиот простор на високо образование (ESG 2015) како и Националните рамки на високообразовните квалификации (QF EHEA).

-Декларацијата за признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан претставува израз на определбите за доследна примена на препораките од Болоњскиот процес, но и настојувањата за придобивка за граѓаните од овие земји, чија мобилност на пазарот на труд или во високото образование ќе биде непречена и едноставна, наведува владината прес-служба. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град