Утрински Весник
Македонија

Привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид за време на свеченото отворање на „Охридско лето“

Привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид за време на свеченото отворање на „Охридско лето“

Охрид, 12 јули 2019 (Утрински Весник) – Привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид ќе има попладнево во пресрет на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ на Античкиот театар во Охрид.

Од фестивалската дирекција информираат дека ќе биде забрането движење на возила, така што публиката која вечерва ќе биде присутна на Античкиот театар ќе може да пристигне пеш или со такси возило.

– На приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат обезбедување и ќе овозможат непречено движење на такси возилата, но и на другите  возила со приоритет, се вели во соопштението од организаторите.

Од „Охридско лето“ им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и повикуваат заеднички да се проследи уште едно свечено отворање со светски познатата уметница Ванеса Меј.

Посетителите, како што информираат организаторие,  треба да дојдат најдоцна до 20 часот и 30 минути, бидејќи вратите на влезовите ќе бидат затворени пред 21 часот, кога е и почетокот на фестивалското отворање. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом