Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски ја поддржува иницијативата за реформа на изборниот модел  

Претседателот Пендаровски ја поддржува иницијативата за реформа на изборниот модел   

Скопје, 8 јуни 2019 (/) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот кабинет за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, за создавање пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата.

Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати, се вели во денешното соопштение од кабинетот на претседателот.

Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија.

Пендаровски смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото и правото на фер и слободни избори се важен фактор за просперитетот на Република Северна Македонија. сст/аа/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот