Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски се сретна со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Претседателот Пендаровски се сретна со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Скопје, 18 јуни 2019 (/) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

На средбата, соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговарало за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што било изразено задоволство од континуираниот успешен развој на соработката меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес.  Во тој контекст бил реафирмиран интересот за дополнително интензивирање на економските односи и трговската размена, како и за соработката во областа на одбраната и безбедноста, образованието, културата и туризмот.

Претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, притоа изразувајќи очекување и дека италијанскиот Парламент во најскоро време ќе го ратификува Протоколот за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

Италијанскиот амбасадор Ромео упатил честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посакал успех во вршењето на должноста, притоа изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување и зајакнување на односите меѓу двете држави. рп/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ