Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски го прими новинарот Бранко Героски

Претседателот Пендаровски го прими новинарот Бранко Героски

Скопје, 21 јуни 2019 (/) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими новинарот Бранко Героски, по заканувачката порака што ја добил.

Осудувајќи секаков вид закани упатени до медиумите, претседателот Пендаровски, соопшти неговиот кабинет, порачал дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат.

Пендаровски истакнал дека како и досега, ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка. цр/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град