Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Словенија

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Словенија

Скопје, 14 јули 2019 (Утрински Весник) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.

Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека тој во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од словенечкиот претседател Борут Пахор. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Пендаровски во вторник ќе оствари средби со претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.

Во рамки на посетата, шефот на државата ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.

Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“.

За време на официјалната посета на Република Словенија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, соопшти Кабинетот на претседателот. ев/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“