Утрински Весник
Спорт

Пресврт: Рабио може да остане во ПСЖ

Пресврт: Рабио може да остане во ПСЖ

Париз, 7 јуни 2019 (/) – Фудбалерот Адриен Рабио соопштил на раководството на клубот ПСЖ дека е подготвен да седне на преговори за продолжување на договорот, соопштува на Твитер новинарот Ромен Молина. 24-годишниот Рабио не играл за ПСЖ од декември, бидејќи одби да го продолжи договорот со клубот од француската престолнина.

Во сезоната 2018/2019, Рабио забележа 20 натпревари во сите натпреварувања, како и 2 гола и 2 асистенции. Според сајтот transfermarkt.de, цената на полудефанзивецот е 35 милиони евра.

Фаворит за неговиот потпис до овој момент беше сметан Манчестер Јунајтед, кој, според различни информации во медиумите, е подготвен да му понуди плата од редот на 170 илјади фунти неделно, ако ја прифати понудата на клубот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната