Утрински Весник
Македонија

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ

Скопје, 14 јуни 2019 (/) – Одделението за безбедност на патниот сообраќај утре од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, улиците „Аминта 3-ти“ и „Наум Наумовски – Борче“.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. мд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8