Велес, 20 јуни 2019 (/) – Олеснување на пристапот до услуги и инфраструктура за лицата со ограничена мобилност е целта на проектот „Велес без бариери“ што ќе го реализира Општината во овој град.
Проектот е вреден 2,8 милиони денари, средства добиени од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.
– Со проектот, што треба да се реализира до крајот на годинава, ќе се постави лифт во општинската зграда и ќе се нивелираат тротоарите на повеќе локации во градот, наведоа од Општина Велес. ад/см/