Утрински Весник
Македонија

Презентација на анализата „Избори во Северна Македонија: Изгубени во реформите“

Презентација на анализата „Избори во Северна Македонија: Изгубени во реформите“

Скопје, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Нацрт-наодите на анализата „Избори во Северна Македонија: Изгубени во реформите“ ќе бидат презентирани денеска на работен појадок во организација на мрежата Политикон и Тим Институт.

На настанот ќе се обратат Јована Маровиќ, директорка на мрежата Политикон, Ивана Ивановиќ, претседателка на Тим Институт, како и авторот на анализата Иван Стефановски.

Во анализата подетално се разгледува и анализираат принципите на одговорноста и транспарентноста на институциите вклучени во надгледувањето на финансирањето на кампањите, со посебен осврт на изборите од 2016, 2017 и 2019 година.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Владеење на правото во Западен Балкан: Повторно исцртување на правилата на играта” поддржан од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) во рамки на Think and Link 2019. Проектот го спроведува мрежата Политикон во соработка со ЦРТА од Србија и Тим Институт од Северна Македонија. ац/са/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата