Утрински Весник
Македонија

„Предизвици во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем“ тема на „Охридската школа на природно право“

Лигвистичка работилница во рамки на „Научната и уметничка визита 2019“ што ја одржува МАНУ во Охрид

Охрид, 27 јули 2019 (/) – Традиционално, по петти пат, Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ од 30 јуни до 7ми јули 2019 година ќе одржи сесија на „Охридската школа на природното право“ .

Сесијата, како што соопшти МАНУ, е насловена „Предизвици во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем на Република Северна Македонија“.

– Преку организирањето на „Охридската школа на природното право“ Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ ја демонстрира заложбата за подобрување на образованието, со особен фокус на младите кадри во рамките на општествените науки, но и за приближување на постојните и претстоечките реформски процеси во државата до граѓаните, соопшти МАНУ.

Учество ќе земат 20 студенти на пост-дипломски студии и пет докторанти од универзитетите во државата. Предавачи ќе бидат академици, еминентни професори и експерти од практиката од Република Северна Македонија, како и професори од земјите во регионот. сс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска – Танер: Стабилноста, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан се суштински за безбедноста на Европа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа