Утрински Весник
Македонија

Превентивна акција во Кавадарци за поголема безбедност во сообраќајот

Превентивна акција во Кавадарци за поголема безбедност во сообраќајот

Кавадарци, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Не возете под дејство на алкохол, возењето и пиењето се најголеми непријатели. Уличните трки со мотори се строго забранети. Нашите улици се реални, ние не сме во видео игра. Ова се само дел од препораките кои општината Кавадарци, полицијата и Локалниот совет за превенција, ги ставија на флаери кои вечерва се делеа на неколку локации во градот.

Целта е превентивно да се делува за да се вози внимателно, заради поголема безбедност во сообраќајот.

Флаери делеа и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој е претседател на Советот, судијата Лазар Нанев, командирот на пожарникарите Александар Чадамов, претседателот на општинскиот Совет Ристо Сакалиев, командирот на полицијата Сашко Димовски и други членови на Советот.

Јанчев појасни дека локалниот совет е формиран пред месец и половина со одлука на општинскиот Совет, по правилник и протокол на Министерството за внатрешни работи. Тој има, нагласи,  голема улога во превенцијата.

Нанев рече дека превенцијата е еден од најважните столбови во системот на активности, што се однесуваат на спречување на несоодветното однесување. свд/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија