Утрински Весник
Македонија

Превентивна акција во Кавадарци за заштита на шумите од пожари 

Превентивна акција во Кавадарци за заштита на шумите од пожари 

Кавадарци, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Превентивната  акција „Да ги заштитиме шумите од пожари” беше спроведена денеска во Кавадарци, во рамки на која беа поделени флаери на различни локации.

Акцијата ја организираше Отсекот за превенција при Полициска станица од општа надлежност, а беа вклучени и студенти од Факултетот за безбедност од Скопје.

– Лето е, а поради енормно високите температури, неопходна беше потребата од вакво нешто. Едукативни флаери добија особено оние кои се упатуваат кон шумските предели, за да не дозволиме да избувнат пожари и неповратно да изгубиме зелени појаси кои за нас претставуваат дел од белите дробови на Кавадарци, истакна инспекторот за превенција Димитар Каракулев.

Тој додаде дека вакви и слични акции, ќе се организираат и во иднина. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран