Утрински Весник
Македонија

Прв состанок на работната група за подготовка на стратегија за транспарентност

Прв состанок на работната група за подготовка на стратегија за транспарентност

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – Во Владата денеска се одржа прв состанок на работната група за подготовка на Стратегија за транспарентност, на кој Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија, и министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски потпишаа меморандум за соработка за  поддршка за креирање и имплементација на стратегијата.

Како што соопшти „Метаморфозис“, на состанокот посочиле дека  според резултатите од Регионалниот индекс за отвореност за Северна Македонија (opennessindex.actionsee.org – дел од регионален проект на Фондацијата Метаморфозис поддржан од ЕУ) постојат многу значителни разлики помеѓу институциите во врска со нивната отвореност и транспарентност што се должи на фактот дека примената на добрите практики за транспарентност најчесто зависи од добрата волја и посветеноста на министрите и од другите раководни лица.

– Поради тоа, се јавува потребата за системски пристап за изнаоѓање решение кое нема само да се фокусира на идентификување и реплицирање на добрите практики, туку и на целосниот процес и можностите кои ги има Република Северна Македонија, истакна на состанокот Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси на „Метаморфозис“. хс/вј/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните