Утрински Весник
Македонија

Прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – Првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија  ќе се одржи денеска во Софија согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји  во август 2017 година.

Со Комисијата, како што информираат од МНР, ќе ко-претседаваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева.

Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, како што информираат од МНР, предвидени се  билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти. аа/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“