Утрински Весник
Спорт

Прволигашите се сретнаа со челниците на КФСМ

Прволигашите се сретнаа со челниците на КФСМ

Скопје, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) денеска одржаа состанокот со претставниците на прволигашите и со претставници од Асоцијацијата на играчи.

Претседателот на Федерацијата Перо Антиќ, спортскиот директор Тодор Гечевски и потпретседателот Бали Саити, на средбата со претставниците на Здружението на прволигаши примија барање за промена на член од Регистрацискиот правилник кој го дефинира бројот на странци, односно задолжителниот број на Македонци на терен во игра во секое време.

Заинтересираните страни ги искажаа своите ставови во врска со темата на состанокот, а потоа ги дадоа и своите предлози до раководството на КФСМ за промена на членот од Регистрацискиот правилник.

За следната седмица повторно е закажана средба на која ќе се разговара дополнително на темата и ќе се разгледуваат предлозите на засегнатите страни. ем/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања