Утрински Весник
Македонија

Прва форумска сесија во Куманово во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Прва форумска сесија во Куманово во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Куманово, 11 јуни 2019 (/) – Претставници на граѓански организации, од месните заедници, од образование, социјала и од локалната власт од Куманово, денеска присуствуваа на првата форумска сесија што се одржа во Занаетчискиот дом, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува советот на Општината. Граѓаните самите ќе предлагаат и изберат приоритетни проекти, за што имаат на располагање 50.000 швајцарски франци. Проектот е поддржан од швајцарската агенција за развој и соработка и има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Градоначалникот Максим Димитриевски ги повика присутните да размислуваат креативно и да понудат проекти од кои бенефит ќе имаат граѓаните.

– Ја поздравувам оваа иницијатива, посакувам успешна работа, знам дека ќе излезат многу креативни идеи. Знам дека сите тие идеи не можат да се покријат со овие средства, но секако тие исти креативни идеи можат да се користат за дополнување на годишните програми на буџетот и барање на дополнителни средства за реализирање на одредени проекти во градот, рече Димитриевски, кој наведе неколку проекти во кои се вклучени младите кои преку волонтерска работа помагаат за локалната заедница.

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска очекува на петте форумски сесии да излезат бројни идеи и квалитетни проекти.

– Ние како Општина ќе ја оствариме нашата цел да бидеме што поблиски до граѓаните, да имаме слух за проблемите на заедницата и заеднички да ги креираме одлуките и решенијата, рече Мургашанска.

Проектите, треба да понудат вмрежување меѓу граѓаните и организациите, вклучување на маргинализираните групи, родова еднаквост, придонес кон поголем социјален импакт и  практични и видливи резултати. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот