Утрински Весник
Технологија

Правта на 152 лица ќе почива во Вселената

Правта на 152 лица ќе почива во Вселената

Лос Анџелес, 27 јуни 2019 (/) – Ракетата-носач „Фалкон хеви” на компанијата Спејс-икс во Земјината Орбита постави 24 експериментални сателити, на повеќе различни места, а покрај тоа однесе и истражувачка лабораторија и атомски часовник.

Лабораторијата ќе го следи распространувањето радиосигнали во атмосферата.

Атомскиот часовник на НАСА допушта грешка од една секунда на девет милиони години и ќе служи за навигација на вселенските летала.

Покрај тоа, ракетата-носач во Орбитата однесе и метални капсули со правта на 152 починати лица, којшто ќе биде разнесен во Вселената.

Според компанијата, „Фалкон хеви“ е најмоќниот носач во светот. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META

Истражување на Касперски: Пандемијата го одложува напредувањето на жените во ИТ секторот

META

Онлајн анкета: Голем дел од младите во Македонија многу малку или воопшто не се запознаени со криптовалутите

META