Утрински Весник
Бизнис

По 20 години преговори ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор

По 20 години преговори ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор

Буенос Аирес, 28 јуни 2019 (/) – Европската Унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур денеска потпишаа договор за стратешко трговско партнерство, соопшти аргентинската Влада.

Во соопштението се посочува дека договорот, постигнат по 20 години преговори меѓу двете страни, бил потпишан во Брисел.

Јужниот заеднички пазар (Меркосур) го сочинуваат Аргентина, Бразил, Парагвај, Уругвај и Венецуела, чие членство во моментов е суспендирано. Боливија, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Перу, Суринам и Чиле имаат статус на придружни членки, а Мексико и Нов Зеланд се земји набљудувачи. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи