Утрински Весник
Економија

По седмица во Кочани, славиме и за џокер во Крушево

По седмица во Кочани, славиме и за џокер во Крушево

Во 11. коло на Лото 7 се радувавме за седмица вредна 27.385.728 денари, која падна во Кочани. Наредното коло, 12., донесе ново изненадување.

Овој пат,главниот збор го имаше играта „Џокер“.

Премијата изнесува 851.772 денара, а отиде во рацете на семејството Јанкулоски од Крушево, кои денес ги посетија просториите на Државната лотарија.

Во убаво расположение, среќниот добитник, Коле Јанкулоски, за себе ни раскажа дека редовно со години игра Лото 7. Секогаш уплаќа по две комбинации лото и еден џокер-број.

Коло 12 од Лото 7, кое се емитуваше во саботата на 12 февруари, Коле го проследил во домашна атмосфера со сопругата. Возбудата почнала да расте кога Коле забележал дека петте извлечени броеви се редоследно токму од неговиот џокер-број.

На прашањето од сопругата што се случи со шестиот број, Коле одговорил: „Сега ќе кажат дека џокерот падна во Крушево“.

Коле е вработен во ЈП „Комуна“ во Крушево веќе 8 години. Има два сина, Стефо и Петар, кои ги запознавме кога ја потврдивме и исплативме премијата. Средствата од добивката ќе бидат наменети за нив, а татко им вели дека ќе продолжи да игра и понатаму по истиот принцип, две комбинации лото и еден џокер-број.

Добитниот џокер-број е уплатен на продажното место „Тобако Цукмар“ во Крушево.

Пораката на сите оние на кои им се насмеала среќата е речиси иста – уплатете лото и џокер затоа што никогаш не се знае кога среќата ќе ви се насмее.

Џокер-премијата за наредното коло изнесува 600.000 денари.

Лото 7-премијата е 7.000.000 денари.

Можете да прочитате

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност 

Бислимоски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба оптимално да работат

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари