Утрински Весник
Бизнис

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам

Скопје, 12 јуни 2019 (/) – Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје“ („Feel Skopje“) во организација на НВО „Концепт плус“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри промоцијата на Скопје и нашата држава во светски рамки, како подобро да се привлечат повеќе посетители и да се добие повеќе внимание и простор во странските медиуми.

Конференцијата е дел од проектот и порталот visitskopje.mk, а ќе се промовира и новиот портал visitmacedonia.eu кој ќе има за цел да ја промовира нашата земја како посакувана туристичка дестинација.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат пет интернационални говорници од пет држави.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ŠKODA е на врвот на „Auto Trophy 2022“ со пет победи

Ќе се исклучува струја на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

Бектеши и Ковачевски: Ги преземаме сите мерки да нема зголемување на цената на струјата