Утрински Весник
Македонија

Почнува 58. Балкански фестивал на народни песни и игри

Почнува 58. Балкански фестивал на народни песни и игри

Охрид, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Традиционално со концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ на сцената во Долни Сарај вечер почнува 58. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Покровител на Фестивалот е Собранието на Република Северна Македонија, со поддршка на Министерството за култура. На отворањето на фестивалот, како што соопшти собраниската прес-служба ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Манифестацијата, која ќе трае до 8 јули, е во организација на центарот за култура „Григор Прличев“.

На фестивалот ќе учествуваат културно уметнички друштва од земјава и регионот, кои пред почетокот на официјалниот дел ќе продефилираат низ Охридската чаршија.

Во рамките на фестивалската програма предвидени се изложби и кратки филмови.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите, според организаторот, придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот. сс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шаќири: Наставниците се најважната алка во едукацијата на децата

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми